Пеколни температури во Европа

Од:

Топлината уби тројца во Италија, пожари во Шпанија, пекол во Австрија.

Италија викендов ја погоди топлотен бран, високата температура досега однесе три животи.

Денеска Италија ја очекува најжешкиот ден годинава, се очекува температурата да надмине 40°C. Според властите утре најризично ќе биде во Рим, Болоња, Перуџа, Бреша и Реџо ди Калабрија.

Лекарите повикаа на особена претпазливост особено кај ризичните групи – особено старите луѓе кои страдаат од хронични болести.

Пекол е и во Австрија, рекордно високи температури за крајот на јуни од 37,6°C, што е највисока температура од кога се почнатие мерењата пред 250 години, јави австрискиот метеоролошки центар.

Во Шпанија шумските пожари беснеат околу Валенсија и Барселона, на истокот и североистокот на земјата, уништувајќи илјадници хектари шума.

И во Црна Гора вчера беше тропски ден, со измерени температури до 40°C. Од Министерството за внатрешни работи е издадено предупредување за претстојните денови кои ќе ги карактеризираат тропски температури.

Во соопштението се укажува дека таквите температури условуваат и екстремно висок индекс на опасности од пожари особено во подрачјето на Подгорица и Даниловград како и на приморјето.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски