Кина предлага да се преразгледа испораката на хуманитарна помош за Северна Кореја, доколку Пјонгјанг не се откаже од новото нуклеарно тестирање, тврдат кинески медиуми. Ако Северна Кореја настојува на го изврши следното нуклеарно тестирање, Пјонгјанг ќе треба да ја плати цената за него.
Кинеската Влада треба тоа јасно да му го стави до знаење на Пјонгјанг за да нема било какви илузии, објави во коментар кинескиот весник „Глобал тајмс“.
Тоа е второ предупредување од страна на Кина по повод најавите од Северна Кореја дека ќе изврши нова нуклеарна проба.
Весникот потенцира дека Кина никогаш не стравувала од Пјонгјанг. „Ако Пјонгјанг се замери со Кина, таа треба да возврати жестоко дури по цена на нарушување на билатералните односи“, се додава во коментарот на „Глобал тајмс“.