Пекинг: Австралија да не се меша во споровите за сувереноста на Јужното Кинеско Море

Од:

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Ли денеска изјави дека Пекинг очекува Австралија да не зазема став и да не се меша во решавањето на споровите околу сувереноста на територијата на Јужното Кинеско Море.

Официјалната кинеска реакција дојде по изјавата на новиот австралиски премиер Малком Турнбул во која тој рече дека ќе го советува Пекинг да престане со изградба на цивилни и воени населби во спорните води, се додека не се решат прашањата кој дел на тоа море и припаѓа на Кина, а кој на неколкуте држави од југоисточна Азија.

Портпаролт Хонг Ли пренесе дека Кина смета оти политичката состојба во однос на прашањето за споровите околу сувереноста на Јужното Кинеско Море е стабилна. Пред два дена Пекинг пренесе и порака дека спорот не е ниту предмет на односите меѓу САД и Кина.

Тврдењето на Пекинг дека целата територија на Јужното Кинеско Море и припаѓа на Кина го оспоруваат Филипините, Виетнам, Тајланд, Лаос, Брунеи и Тајван, а Филипините и Виетнам за сувереноста водат спор со Кина пред судот на ОН во Хаг.

Кина повторува дека споровите можат да се решат само по дипломатски пат, билатерално и со посредување на АСЕАН. Во овој дел на светот се почесто се говори дека посредничката улога во споровите околу терториите на морето богато со риба и резерви на нафта и гас, ќе ја преземе Индонезија.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија