Авион на Американ ерлајнс кој летал за Лондон се вратил во Мајами откако патничка одбила да го исполни барањето да носи маска, соопштија од авиокомпанијата.
Авиокомпанијата повикала полиција во Мајами, а синоќа полицајците без инциденти ја извеле жената од авионот на меѓународниот аеродром во Мајами.
Портпаролот на полицискиот оддел во Мајами-Дејд изјави дека персоналот на Американ ерлајнс административно се справува со патничката.
Жената е ставена на интерната американска листа, на која има лица на кои им е забрането да летаат до крајот на истрагата, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Од авиокомпанијата објавија дека во авионот имало 129 патници и 14 членови на екипажот.