Партијата на Роберт Мугабе прогласи победа на изборите во Зимбабве

Од:

Висок претставник на партијата на претседателот Роберт Мугабе, Африканска национална унија на Зимбабве – Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) објави голема победа над Движењето за демократски промени (МДЦ) на премиерот Морган

Цвангираи на вчерашните претседателски и парламентарни избори.

– Ги добивме изборите. Го погребавме Движењето за демократски промени. Никогаш не се сомневавме дека ќе победиме, изјави неименуван претставник на ЗАНУ-ПФ.

Неофицијалното објавување на изборните резултати во Зимбабве е незаконско. Полицијата соопшти дека секој ќе биде уапсен кој предвреме ќе ги објави изборните резултати. МДЦ соопшти дека гласањето било „монументална измама“.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска