Висок претставник на партијата на претседателот Роберт Мугабе, Африканска национална унија на Зимбабве – Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) објави голема победа над Движењето за демократски промени (МДЦ) на премиерот Морган
Цвангираи на вчерашните претседателски и парламентарни избори.
– Ги добивме изборите. Го погребавме Движењето за демократски промени. Никогаш не се сомневавме дека ќе победиме, изјави неименуван претставник на ЗАНУ-ПФ.
Неофицијалното објавување на изборните резултати во Зимбабве е незаконско. Полицијата соопшти дека секој ќе биде уапсен кој предвреме ќе ги објави изборните резултати. МДЦ соопшти дека гласањето било „монументална измама“.