Партијата на Аунг Сан Су Ќи веќе го има парламентарното мнозинство во Мјанмар

Од:

Изборната комисија во Мјанмар, поранешна Бурма, денеска потврди дека Националната Лига за Демократија (НЛД) веќе освоила 348 места во двата парламентарни дома, што е доволно самостојно да формира нова влада. Партијата на нобеловката за мир Аунг Сан Су Ќи убедливо победува и во изборната трка за регионалните парламенти.

На изборите, што во Мјанмар се одржаа на 8 ноември, одзивот на гласачите бил над 85 посто. Конечните резултати ќе бидат познати по три до четири недели, но и сегашните, потврдени од централната изборна комисија се доволни за да се стави крај на владеењето на цивилно-воената власт, што пред пет години ја замени петдецениската воена управа во државата.

За враќање на демократијата во Мјанмар значајна е вчерашната порака на армискиот врв дека ќе ги почитува изборните резултати. Армијата, која делегира 25 отсто од пратеничкиот состав и неколкумината пратеници на Унијата за Солидарност ќе бидат малцинство во Парламентот. Според сегашниот Устав, армиската парламентарна група има право на вето за донесување на уставни промени, но во однос на изборот на влада и претседател на Парламентот, тоа право на вето не важи.

Изборите во Мјанмар се одржаа под силен мониторинг на ОН, ЕУ и голем број азиски групации за следење на изборите. Нема значајни приговори за текот на изборите.

Сегашната власт ќе остане на чело на државата до март идната година.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска