Парламентот на Гватемала против укинување на имунитетот на претседателот Моралас

Од:

Парламентот на Гватемала со големо мнозинство се изјасни против одземање на имунитетот на шефот на државата Џими Моралес.

Само 25 од вкупно 158 пратеници гласале „за“ одземање на имунитетот на претседателот на барање на Обединети нации. Моралес се соочува со обвиненија за корупција и незаконско финансирање на својата претседателска кампања.

Моралес е под истрага на Обвинителствот на Гватемала и на Меѓународната комисија на ОН против неказнивост поради наводно необјавување на податоци за еден милион долари со кои ја финансираше кампањата во 2015 година, кога беше избран за претседател.

Моралес предизвика острои полемики кога на 27 август издаде наредба шефот на експертската комисија ЦИЦИГ, Иван Веласкез да ја напушти Гватемала. Наредбата беше издадена два дена откако Колумбија побара одземање на имунитетот на Моралес. Но, Врховниот суд во Гватемала ја поништи наредбата на Моралес, а ЦИЦИГ продолжи со својата истрага.

ЦИЦИГ е формирана пред една деценија со цел да соработува со домашниоте обвинители за искоренување на корупцијата во Гватемала.

Комисијата имаше клучна улога во смената од власт на претходниот претседател на Гватемала, Ото Перес Молина, кој беше принуден да поднесе оставка во 2015 година и сега отслужува затворска казна.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски

Седуммина загинати во бунт во затвор во Гватемала

Ана Ололовска