Во Луксембург денеска се одржуваат парламентарни избори.
Избирачките места се отворени од 8 часот до 14 часот, а резултатите се очекуваат вечерва.
Анкетите покажуваат дека Христијанско-социјално народната партија најверојатно нема да успее да го освои потребното мнозинство од 60 места во парламентот, така што ќе мора да бара да коалицира со една од трите владејачки партии – Демократската партија на премиерот Хавиер Бетел, Социјалистичката работничка партија или Зелените.