Парламентарни избори в недела во Луксембург

Од:

Во Луксембург в недела ќе се одржат парламентарни избори, а социолошките истражувања покажуваат дека победник ќе биде Христијанско-националната партија, што е многу веројатно сегашниот премиер Ксавие Бетел од либералната Демократска партија да ја загуби функцијата.

Доколку се случи тоа, ќе биде на удар и формираниот сојуз од францускиот претседател Емануел Макрон со лидерите на Белгија, Холандија и Луксембург, чија цел е заштита на обединета Европа од национализмот.

Резултатите од гласањето ќе покажат дали коалицијата меѓу Демократската партија, Луксембуршката социјалистичка работничка партија и „Зелените“ ќе успее да се задржи на власт, или новата влада ќе ја состават други политички сили.

– Најважниот мотив за гласање на парламентарните избори е економската ситуација на Луксембург, нагласи политикологот од Луксембуршкиот универзитет Филип Поарие.

Првичните резултати од изборите ќе бидат објавени истата вечер, по што ќе започне период на преговори за состав на влада.

Би можело да ве интересира

Во оваа земја во Европа луѓето работат најмалку, најмногу уживаат и најдолго живеат: Ја нарекуваат „рај на земјата“

Жителите на најбогатата земја во Европа три години имаат бесплатен јавен превоз

По Малта и Луксембург ќе ја легализира марихуаната

А1он

Луксембург загрижен за ситуацијата со нуклеарната електрана Катеном во Франција

Ана Ололовска

ВИДЕО: Насилен протест во Луксембург против корона мерките

Ана Ололовска

Премиерот на Луксембург обвинет за плагијат призна дека „требало да постапи поинаку“

Ана Ололовска