Граѓаните на Малта денеска се на избори, и според анализи на јавно мислење, власта најверојатно ќе ја презеем опозициската Лабуристичка партија.
Лидерот на Лабуристите, Џозеф Мускат (39) вети унапредување на економијата и има 12 отсто предност пред својот ривал – лидерот на Националистичката партија и актуелен премиер Лоренс Гонзи.
Пребројувањето на гласовите ќе биде во текот на утрешниот ден. Стапката на невработеност на Малта е само шест отсто, а лани беше регистриран и економски раст од 1,5 отсто. Членка е на ЕУ од 2004 година, а од 2008 година е и во еврозоната.