Парк Геун-хе: Северна Кореја треба да се откаже од стремежот за нуклеарно оружје

Од:

Јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе денеска ја повика Северна Кореја да се откаже од разработувањето нуклеарно оружје, затоа што во спротивен случај ризикува да ја продлабочи својата изолација и уште повеќе да ги влоши своите односи со Сеул, соопштија американските медиуми.

Парк Гуен-хе повикот го упати во обраќањето кон нацијата, четири дена по стапувањето на должноста прва жена претседател на Јужна Кореја.

Таа е на функцијата од неодамна, а нејзината популурност веќе е на необично ниски граници. Во парламентот владее безизлезност заради отпорите против нејзините предлози за кандидати за министри и нејзините планови за преструктурирање на владата.

Односите со Пјогјанг, исто така, се затегнати. Во средината на февруари Северна Кореја го изврши својот трет нуклерен тест и соопшти дека ќе продолжи да разработува нуклеарно оружје.

Говорот на Парк Гуен-хе ја одбележа 94-годишнината од протестите против колонијалната управа на Јапонија во Кореја, меѓу 1910 и 1945 година. Таа го повика Токио да ја преземе одговорноста за злоупотребите во минатото.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња