Париз: Москва да ги отстрани нејаснотиите за примирјето во Нагорно-Карабах и улогата на Турција

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан ја повика денеска Русија да ги отстрани нејаснотиите поврзани за примирјето во Нагорно-Карабах, посебно за улогата на Турција и странските борци.

– Прекинот на огнот беше од суштинско значење за спасување на илјадници животи, но постојат нејаснотии, истакна Ле Дријан пред Парламентот, мислејќи на договорот меѓу Азербејџан и Ерменија под покровителство на Русија.

Според него, „потребно е да се отстранат нејаснотиите за бегалците, разграничување на прекинот на огнот, присуството на Турција, враќањето на странски борци, почетокот на преговорите за статусот на Нагорно-Карабах“.

Азербејџан и Ерменија минатата недела потпишаа договор под покровителство на Русија, со кој се прекинуваат повеќенеделните судири во Нагорно-Карабах, отцепен регион на Азербејџан со мнозинско ерменско население.

Со цел да се набљудува почитувањето на примирјето, Москва во последните денови почна да распоредува свои мировни сили.Иако Турција не се споменува во договорот, Анкара веднаш најави дека нејзини војници ќе учествуваат во координацискиот центар.

Анкара е обвинета дека го поддржува Баку со испраќање протурски исламистички бунтовници од Сирија. Шефот на француската дипломатија затоа смета дека заминувањето на странските борци претставува „основен елемент за стабилноста на регионот“.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација