Три лица починале како последица од смрзнување во Парагвај, каде што температурата во одделни делови на држава се спуштила под нулата, соопшти полицијата.
Првата жртва од студот е шеесет и двегодишен маж, кој бил забележан во Сиудад дел Есте, на 330 километри источно од главниот град Асунсион.
Другите две жртви исто така се мажи кои починале недалеку од претстолнината. Полицијата и медицинскиот персонал се ангажирани во спасувачки операцииво градовите погодени со ниски температури, пренесе “Франс прес“.
Елена Георгиевска