Папата Франциско: ОН да побараат целосна елиминација на нуклеарното оружје

Од:

Папата Франциско денеска апелираше до Обединети нации да побараат „целосна елиминација“ на нуклеарното оружје.

Неговиот апел уследи откако САД и другите големи сили ја бојкотираа Конференцијата за глобална забрана на нуклеарното оружје.

Во пораката по повод Конференцијата, што почна вчера, папата ги повика ОН да „го надминат нуклеарното заплашување“ и да имаат храброст да го пребродат „стравот и изолационизмот“ кој е присутен во голем број земји.

САД, Велика Британија и Франција се меѓу околу 40 земји кои не учествуваат на Конференцијата.

– Меѓународниот мир и стабилност не можат да бидат засновани на лажно чувство на безбедност, на опасност од меѓусебно уништување или целосно уништување или едноставно одржување на рамнотежа на моќта. Мораме да го надминеме нуклеарното заплашување. Меѓународната заедница е повикана да усвои стратефија за напредок, да промовира мир и стабилнот и да избегнува ограничен пристап на проблемите кои се однесуваат на националната и интернационалната безбедност, посочи папата Франциско.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство