Паника во ЕУ од американската шпионска програма

Од:

Европратениците денеска се заканија дека ќе ги поништат договорите со САД за размена на податоци, гневно реагирајќи на извештаите дека американските власти упаѓале во елетронските пошти и другите лични податоци на водечки интернет компании.

Американски официјални претставници го потврдија постоењето на големата тајна програма за шпионирање на интернет, наречена ПРИСМ, благодарејќи на која се вршел пристап до податоците на Гугл, Фејсбук и Скајп.

Поради овие информации европските влади мораа да објаснат дали му дозволуваат на Вашингтон да ги шпионира нивните граѓани и дали имаат корист од шпионирањето, кое во ЕУ е нелегално.
Во жестока дебата во Европскиот парламент, пратениците се пожалија дека 10 години ги исполнувале американските барања за пристап до европските финансии и патничките податоци, нагласувајќи дека е сега време да се преиспитаат договорите со цел да се ограничи пристапот до овие податоци.

– Јасно треба да кажеме дека масовното надгледување не е она што го сакаме, изјави Јан Филип Албрехт, германски пратеник од Партијата на зелените, одговорен за модернизирање на застарените закони на ЕУ за заштита на податоци.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски