Пандемијата повторно се разгорува – расте бројот на нови и смртни случаи во повеќе земји

Од:

Повеќе големи светски земји пријавија зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот и на смртните случаи, а здравствените експерти предупредуваат дека иако се чини оти пандемијата е потисната, ситуацијата не треба да предизвика опуштање.

Велика Британија денеска соопшти дека 50 лица починале од Ковид-19 во последниот ден, што е најголем број смртни случаи од оваа болест од април наваму.

Додека Владата во Лондон се подготвува да ги укине речиси сите мерки на 19 јули, уште 36.660 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани денеска, покажуваат официјалните податоци.

Русија, исто така, забележа нов црн рекорд во бројот на смртни случаи, бидејќи 780 лица починаа во изминатите 24 часа како резултат на инфекција со Ковид-19. Претходно, најмногу смртни случаи беа регистрирани на 10 јули – 752 починати.

Во земјата се потврдени 24.702 нови случаи на коронавирус, а од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 5.833.175 случаи на инфекција.

Индонезија денеска пријави рекорден број случаи на инфекција со коронавирус, а властите најавија планови да нарачаат течен кислород и илјадници респиратори од странство за лекување на пациентите.

Во оваа држава евидентирани се 47.899 нови случаи на инфекција, што е шести дневен рекорд во последните десет дена, и приближно седумпати повеќе од пред еден месец. Бројот на смртни случаи од коронавирус денеска изнесува 864, а вкупно 68.000 починати од почетокот на пандемијата.

Бројот на нови случаи на коронавирус продолжува да се зголемува и во Грција. Регистрирани се 3.109 нови случаи во изминатите 24 часа, најмногу во последните два месеца. Починати се четворица пациенти.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска