Пандемијата ќе го поттикне насилството во светот, предупредува австралиски тинк-тенк

Од:

Најновото истражување на Институтот за економија и мир (ИЕП) од Сиднеј покажува дека во последните десет години, двојно се зголемил обемот на граѓански немири во светот – тренд што пандемијата на Ковид-19 може дополнително да го поттикне.

Според влијателниот институт, протестите во светот главно се засилиле поради економските проблеми, полициската бруталност или растечката политичка нестабилност.

„Економскиот пад предизвикан од сегашната пандемија ќе има влијание врз таквиот развој и ние очекуваме зголемување на демонстрациите,“ особено во Европа, изјави за бриселскиот портал Еуроактив основачот на ИЕП, Стив Килел, по повод годишната публикација на институтот, Глобален индекс на мирот 2020 (ГПИ).

Во последните 10 години за 282 отсто е зголемен бројот на насилни демонстрации во светот, а бројот на штрајкови за дури 821 проценти. Во текот на 2019 година имаше насилни протести во дури 58 проценти од државите опфатени со извештајот, што претставува развој што, според ИЕП, „одразува еден подолготраен тренд“.

Најголем број протести и штрајкови имало во Европа, но на Стариот континент само 35 отсто од вкупно околу 1.600 вакви акции се квалификувани како насилни, што е најнизок процент на глобално ниво.

Според извештајот, тензиите на глобално ниво ќе продолжат да се зголемуваат, бидејќи пандемијата негативно влијае врз политичката стабилност и се заканува да ги поништи долгорочните резултати од областа на социо-економскиот развој. Исто така, може да се очекува дека општествата да станат се пополаризирани, проценува ГПИ.

„Веројатно е дека економските последици од Ковид-19 ќе ги зголемат тензиите, бидејќи ќе ја зголемат невработеноста, ќе ја зголемат нееднаквоста и ќе ги влошат работните услови, што ќе доведе до отуѓување на политичкиот систем и поголеми граѓански немири. Затоа, сега ние се  наоѓаме на пресвртната точка,“ рече Килел.

Според студијата, Италија, Грција, Летонија и Полска се земјите од ЕУ што веројатно најтешко ќе го издржат економскиот удар предизвикан од пандемијата, бидејќи во нив постојат големи економски предизвици, а тие не стојат добро во делот на „социјалната отпорност“.

Најновиот Глобален индекс за мир покажува дека Исланд е се уште најмирната земја во светот, а тоа е позицијата што ја зазема од 2008 година. По неа следуваат Нов Зеланд, Австрија, Португалија и Данска. Од друга страна, Авганистан, се уште, е на дното на табелата како најпроблематична земја, по што следат Сирија, Ирак и Јужен Судан.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча