Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе биде првиот палестински лидер што ќе го посети Кувајт по повеќе од 20 години.
Со посетата Абас ги зајакнува односите меѓу двате народи, кои се влошија, откако покојниот лидер Јасер Арафат не го осуди нападот на Ирак во 1990 година врз земјата од Персискиот Залив.
Абас, кој ќе присуствува на отварањето на палестинската Амбасада во Кувајт, се обидува да добие поддршка во услови на замрзнати преговори со Израел и несогласувања во однос на изградбата на еврејски населби.
Кувајт беше важен поддржувач и спонзор на Арафат. Односите беа прекинати заради наводната согласност на Арафат со одлуката на Садам Хусеин за окупирање на малата држава. Тогаш тој изјави дека не го поддржува нападот на Ирак, но се спротивстави на употребата на сила против него, повикувајќи за политичко решение на кризата. По војната стотици илјади Палестинци беа принудени да се заминат или беа протерани од Кувајт.