Палестинската управа од денеска член на МКС

Од:

Палестинската управа денеска официјално се приклучи на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, на иницијатива на палестинскиот претседател Махмуд Абас по неуспешните мировни преговори со Иран.

Зачленувањето во судот е дел од пошироките напори на Палестина да изврши меѓународен притисок на Израел. Членството доаѓа во време кога шансите за обновување на преговорите за палестинска држава се мали, по победата на Бенјамин Нетанјаху на изборите во Изарел и острата реторика за време на изборната кампања.

Палестина во јануари го потпиша основачкиот документ на судот, а членството денеска стана официјално. Абас во декември потпиша барање за членство во повеќе меѓународни институции, вклучително МКС, што предизвика остра реакција од Израел.

Израел не е член на МКС, но воените и цивилни лидери на земјата би можеле да се соочат со обвиненија ако се верува дека извршиле злосторства на палестинска територија.

Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ ја поздрави Палестинската управа како 123. член на судот.

Главниот обвинител на МКС Фатоу Бенсоуда веќе отвори прелиминарна истрага за утврдување дали постои основа за истрага за можни воени злосторства на Западниот брег, во Појасот Газа и источен Ерусалим.

Израел остро се противи на членството на Палестина во МКС. Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Имануел Нахсон изјави дека унилатералните палестински постапки се апсолутно контрапродуктивни и дека ќе го отежнат обновувањето на преговорите.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски