Палестинците со закани до Израел дека ќе прекинат безбедносна соработка

Од:

Високиот палестински официјален претставник Саеб Ерекат изјави дека безбедносната соработка со Израел може наскоро да заврши.

Ерекат во изјава за новинари рече дека Палестинците веќе работат на планови да ги прекинат безбедносните врски, но одби да каже кога ќе биде преземена таа мерка.

– Можам да ве уверам дека нешто ќе се случи, изјави Ерекат.

Безбедносните врски имаат за цел да се спречи насилството и се една од преостанатите области на соработка меѓу Израел и Палестинците по неуспешните мировни напори. Повтоното избирање на Нетанјаху кој на крајот од изборната кампања рече дека се противи на палестинската независност само ги влоши дополнително односите.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски