Палестинците предложија петдневно примирје и преговори за конфликтот во Појасот Газа

Од:

Палестинското раководство му предложи на Египет план за петдневно примирје во Појасот Газа, за време на кое би се одржале преговори за прекин на огнот меѓу Палестинците и Израел.

– Палестинското раководство понуди нов предлог во рамки на египетската иницијатива за примирје, за време на кое итно ќе бидат одржани петдневни преговори, истакна во Каиро претставникот на партијата Фатах, Азам ал Ахмед.

Претходно, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изрази „надеж и верба“ дека неговата посета на Блискиот Исток ќе доведе до брзо решавање на судирот меѓу палестинското движење Хамас и израелската војска.

Тој во видео конференциска врска со Советот за безбедност на ОН од Рамала, истакна дека не може да зборува за детали „во овој многу чувствителен момент“.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа