Палестинци запалија гуми во Газа: Со протести бараат компензација поради војната во 2014 година

Од:

Демонстрантите денеска запалија гуми во Газа, пред канцелариите на Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации за Палестинците барајќи компензација за уништените домови за време на војната со Израел во 2014 година.

Демонстранти ја гаѓаа со јајца зградата на Aгенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток.

Над 18.000 домови беа целосно уништени или многу оштетени за време на војната меѓу Израел и палестинските милитанти во летото 2014 година.

Минатиот месец, генералниот комесар на агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток, Филипе Лазарини предупреди на егзистенцијална финансиска криза за организацијата.

САД престанаа да ја поддржуваат Aгенцијата за помош во 2018 година, под администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Сегашниот американски претседател Џо Бајден неодамна вети финансиска помош за Агенцијата во висина од 200 милиони долари. Европската Унија планира да ја поддржи со дополнителни 260,63 милиони долари.

Над два милиона луѓе живеат во несигурни услови во Појасот Газа, каде Хамас ја презеде власта во 2007 година. Групата се смета за терористичка организација во САД, ЕУ и Израел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод