Аргентинската федерална полиција уапси озлогласен италијански мафијашки бос на периферијата на Буенос Аирес, соопшти агенцијата за безбедност, со што заврши долгогодишната потера по него. Кармин Алфонсо Мајорано, 68-годишниот водач на италијанската мафија Ндрангета, беше уапсен минатата среда во градот Герника во провинцијата Буенос Аирес, се вели во соопштението.
Мајорано беше обвинет од меѓународните власти дека водел операции за трговија со дрога и оружје меѓу Латинска Америка и Европа.
„Соработуваше со Албанците“
Меѓународната криминалистичка полициска организација Интерпол ја смета Ндрангета за една од најобемните и најмоќните криминални организации во светот.
По Мајорано беше распишана меѓународна потерница во 2015 година, а Интерпол започна напори во 2020 година да се координира со меѓународните агенции за разбивање на криминалната група, пренесува Ројтерс.
„Ндрангета се етаблира во Аргентина пред неколку години, според соопштението на полицијата, дејствувајќи во тандем со своите албански колеги во Европа.