ВИДЕО: На Сицилија уапсена мафијашка шефица што го користела 12-годишниот син за продажба на дрога

Од:

Во серија апсења на членови на мафијашкиот клан Гали, во италијанскиот град Месина, на Сицилија, денеска се уапсени десетици луѓе, јавуваат италијанските медиуми.

Меѓу уапсените, кои главно се товарат за организирање трговија со дрога, нелегално обложување и изнуда, е и една жена која раководела со нарко-група, а според полицијата, таа го користела својот 12-годишен син за да ја испорачува дрогата.

Друга група од кланот Гали, предводена од мафијашкиот бос Карло Алтавила, набавувала големи количества наркотици од Калабрија и Кампања, соопшти италијанската полиција.

Уапсените се обвинети дека се припадници на мафијашко криминално здружение, кое организирало нелегални трки на коњи, нелегално обложување на неовластени спортски натпреварувања, за малтретирање животни, лажен пренос на стока, изнуди и продажба на дрога.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши