Падна либанската влада, една недела по трагедијата во Бејрут

Од:

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан, кој додаде дека премиерот хасан Диаб и сите министри понудиле оставки, по катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут овој месец, која однесе над 200 животи.

„Целата влада поднесе оставка“, рече Хасан.

Либанската влада падна за помалку од една недела по огромната експлозија во Бејрут, која беше причина и за неколкудневните насилни протести. Тројца министри веќе поднесоа оставки, како и седуммина пратеници во Парламентот.

Либан веќе страдаше од најголемата економска криза во децении, со зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Експлозијата минатиот вторник беше последната капка којашто ја прели чашата за многумина жители на Бејрут.

Гувернерот на главниот град, Марван Абуд, изјави дека според последниот биланс, во експлозијата во главниот град на Либан загинале 220 лица, додека уште 110 се водат како исчезнати.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Израелската армија утре се повлекува од Либан

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Експлозија во семеен дом во Скопје, малолетник со изгореници завршиле во болница

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски