Отворена 67-ма сесија на Генералното собрание на ОН

Од:

Во Њујорк синоќа беше отворена 67. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Со 10-минутно задоцнување, проследен со аплауз од делегатите, претседателот на сесијата, Србинот Вук Јеремиќ ја прогласи сесијата за отворена и најави едноминутно молчење.

„Мирот и безбедноста се неопходен предуслов за стабилноста, која е неопходна компонента на развојот. Токму овие принципи ќе бидат дел од работењето за време на оваа сесија“, истакна Јеремиќ.

Претседателот на сесијата нагласи дека ОН се единствениот форум, каде земјите членки се обединуваат како рамноправни партнери. Со својата работа треба да покажеме дека ОН се незаменлив инструмент за глобална дипломатија, истакна тој.

Дневниот ред на 67. сесија вклучува над 150 теми, како помошта за одржлив развој на земјите, одржувањето на мирот и безбедноста, почитувањето на режимот на нуклеарно неширење, заштита на човековите права и развојот на меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска