Отворањето на границите со ЕУ сѐ уште не е на дневен ред

Од:

На новинарски брифинг денеска во Брисел од страна на Советот на ЕУ беше укажано дека сѐ уште не се знае кога би се отвориле надворешните граници на ЕУ поради пандемијата со новиот коронавирус, јави дописничката на МИА од Брисел.

Претставниците на земјите-членки на ЕУ се состануваат секоја недела и го проценуваат развојот на состојбата со вирусот.

За сега фокусот е ставен на отворањето прво на внатрешните граници на ЕУ.

– Точно е дека ова е големо прашање, јасно е дека станува проблем бидејќи одморите се ближат, и е проблем и за Западен Балкан, но за сега нема одлука, главен приоритет се санитарните преокупации, но темата се разговара секоја недела, изјави висок дипломат на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски