Откриено складиште со отровни хемикалии во Алепо

Од:

Во неодамна ослободениот дел од Алепо сириските владини сили откриле складиште со отровни материјали, јави сириската агенција САНА.

Како што пренесува ТАСС, едно училиште од источната област Ханамо бунтовниците го претвориле во лабораторија за производство на токсични хемикалии, кое подоцна го користиле за напади врз источен и западен Алепо.

Проектилите со хемикалии биле истрелани во ноември во областите Најраб и Мињан во Алепо, кога десетици цивили и војници биле префрлени во болница заради задушување. Слична ситуација имало и на 31 октомври кога биле истрелани проектили со хлор во јужниот дел од градот, а во таа прилика беа повредени 48 лица.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права претходно соопшти дека сириската војска и нејзините сојузници синоќа се пробиле во стариот дел на градот Алепо.

Британските медиуми пренесуваат дека претставник на бунтовниците негирал дека владините сили влегле во тој дел од градот, но признал дека тие се пробиваат кон Стариот град.

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск