Во државата Ракајн во Мјанмар биле отркриени 10 тела во масовна гробница, по што форензичари започнале истрага. Во државата Ракајн безбедносните сили на Мјанмар спроведоа брутална акција против членови на муслиманското малцинство Рохинџи.
Во исто време, забранета е и посетата на земјата на независната истражителка на ОН за човекови права Јангхи Ли.
Таа изјави дека планирала да го посети Мјанмар следниот месец за да ја оцени состојбата со човековите права низ земјата. Меѓутоа додава дека ѝ било кажано оти Мјанмар повеќе нема да соработува со Обединетите нации.
– На оваа објава дека нема да има соработка додека ми трае мандатот може да се гледа само како на силно навестување дека нешто ужасно се случува во Ракајн, како и во остатокот од земјата, оцени Ли во соопштението.
Локалните власти соопштија дека ќе ги прегледаат десетте тела пронајдени во близина на гробиштата во селото.