Најмалку осум туристи се убиени денеска при напад на група вооружени лица врз зградата на Парламентот на Тунис, соопшти туниското министерство за внатрешни работи.
Претходно, туниското државно радио јави дека нападот врз Парламентот го извршпе три вооружени лица.
Паралелно со нападот врз Парламентот, двајца вооружени мажи упаднале во музејот „Бардо“, што се наоѓа веднаш до парламентарната зграда, каде како заложници задржале група туристи. Од музејот се слушнале и истрели, а полицијата ја опколола зградата.
Во време на нападот врз Парламентот се одржувале седници на неколку парламентарни комисии, кои биле прекинати, а пратениците биле повикани да се соберат во фоајето на зградата.