Најмалку осум лица загинаа, а 28 се повредени во стампедо што настанало во текот на распределбата на храна во Олимпискиот центар за млади, во престолнината на Зимбабве, Лусака, соопшти денеска тамошната полиција.
Според портпаролката на полицијата, Естер Катонго, до стампедото дошло кога поголема број луѓе тргнале кон Олимпискиот центар за малди, каде требало да се дистрибуира храна, пренесоа американските медиуми.
Котанго изјави дека меѓу настраданите шест се жени, едно дете и еден маж и додаде дека на распределбата на храната, која била организирана од една црквена група, биле повикани илјадници луѓе.
Во тек е истрага за несреќата.