Осудениот Американец во Северна Кореја „украл“ пропаганден транспарент

Од:

 Севернокројеските власти емитуваа видео снимка што треба да претставува доказ за „вината“ на американскиот студент Ото Вармбиер (21), кој на почетокот од јануари годинава беше осуден во Пјонгјанг на 15 години затвор поради „тешка работа“.

На снимката се гледа како висок маж од ѕидот во хотел за странци во Пјонгјанг симнува еден пропаганден транспарент, што потоа го фрла на подот.

Транспарентот се гледа само делумно, но видливо е дека на него е паролата „Вооружи се со цврст социјализам’.

Пропагандниот апарат на Северна Кореја остро го контролира одржувањето на култот на семејството Ким и на нивната идеологија, па ја има преполнето целата земја со цитати од изјави на дедото, таткото и синот од ова семејство кое управува со Северна Кореја шеесетина години.

Цитати на Ким Ил-сунг, на неговиот син Ким Џонг-ил и на внукот и актуелен лидер Ким Џонг-ун, се истакнати по станиците, улиците, хотелите, но и по севернокорејските планини.
„Инцидентот“ со транспарентот се случил на новогодшната ноќ, а веќе следниот ден студентот од Универзитетот во американската сојузна држава Вирџинија бил уапсен на аеродромот во Пјонгјанг, кога се подготвувал да ја напупти земјата на крајот од неговата петдневна посета на Северна Кореја.

На судењето кое траеше само еден час, Американецот беше осуден откако го „призна“ обвинувањето. Севернокорејската државна телевизија соопшти дека Вармбиер е осуден за „субверзивна дејност“ против државата.

Подоцна тој беше прикажан на севернокорејската телевизија како го признава делото за кое е осуден.

Еден поранешен американски затвореник за медиумите во САД изјави дека сето тоа е наместено, затоа што на репортерот му е кажано што да праша, а на затвореникот што да одговори.

Странски репоретер во Пјонгјанг не верувал во приказната за „грабежот“ на студентот, па го посетил хотелот и местото каде се случил „инцидентот“, откривајќи дека малку е веројатно оти сето тоа се случило во хотелскиот ходник, како што се тврди според видео снимката, која е нејасна и на која не се гледа лицето на „виновникот“.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња