Осудени 55 луѓе на масовно судење на стадион во Кина

Од:

На масовно судење на стадион во во главно муслиманскиот кинески регион Синџинг се осудени 55 луѓе поради обвиненија за силување, убиства, сепаратизам и тероризам.

Околу 7.000 луѓе и високи функционери на Комунистичката партија во префектурата Или присуствувале на јавното масовно судење и „казнување на групата насилни терористи и криминалци согласно законот“.

Тројца од обвинетите се осудени на смртна казна поради убиство на четири члено семејство минатата година „користејќи екстремно злосторнички методи“.

Полицијата на стадионот објави и формално апсење на 38 осомничени и притвори уште 27 други лица.

Во Кина биле вообичаени масовни судења во 80-тите и 90-тите години, како начин за борба против растот на криминалот, поттикнат со општествените немири кои избиле паралелно со драматичните реформи во Кина, меѓутоа оваа пракса подоцна е прекината.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он