Оставка на претседателот на Комитетот на ОН за климатски промени

Од:

Претседателот на Комитетот на ОН за климатски промени, Индиецот Раџендра Пачаури денеска поднесе оставка на функцијата, откако во Индија беше обвинет за сексуално насилство.

Индиската полиција започна формална истрага по тврдењето на една 29-годишна жена дека била сексуално нападната од Пачаури.

Таа е вработена во неговата канцеларија во Њу Делхи, а нејзните адвокати на полицијата и доставиле „бројни телефонски и електронски пораки“ со сексуална содржина, што овој досегашен висок функционер на Светската организација и ги праќал на својата соработничка.

Оставката ја потврди портпаролот на Пачаури, кој објасни дека претседателот на Комитетот на ОН, уште вчера ја напуштил меѓународната конференција за климатските промени што се одржува во Кенија, со обрзложение дека се соочува со „сериозен проблем“.

На новинарите во Најроби тој им рекол дека мора да замине од Конференцијата, затоа што обвинувањата што му се припишуваат во Индија бараат од него целосно да им се посвети.

Раџендра Пачаури (71) раководи со Комитетот за климатски промени уште од 2002 година. Тој стана познат во меѓународната јавност со обвинувањето дека светот не први ништо, иако се соочува со голема закана од промените на климата, поврзувајќи го тоа со низа природни катастрофи.

Неговите критичари и повеќе научници во светот ги отфрлија ваквите тврдења на Индиецот, објаснувајќи дека се претерани и недокажани.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов