Основачот на „Википедија“, Џими Вејлс, го отвори порталот за вести „Викитрибјун“

Од:

Џими Вејлс, еден од основачите на „Википедија“ отвори портал за вести, во кој ќе работат професионални новинари, но и волонтери.

Порталот „Викитрибјун“ треба да понуди „вистински и неутрални“ написи што ќе помогнат во „сузбивање на лажните вести“, пренесува Би-Би-Си.

Замислено е порталот да нема реклами, но да биде слободен за читање, поради што ќе се потпира на донации од поддржувачите.

Експертите, меѓутоа, сметаат дека порталот има потенцијал да стане сајт од доверба, но и дека неговото влијание може да биде ограничено.

„Викитрибјун“ ќе функционира слично како и „Википедија“ кога станува збор за тоа авторите да мораат да го наведат изворот за секој факт и ќе се потпира на граѓаните кои ќе можат да додаваат текстови за да го ажурираат.

Меѓутоа, иако секој ќе може да внесе измени на страниците, тие ќе „заживеат“ само доколку ги одобрат новинарите или доброволците на кои им се верува.

Втората голема разлика е таа што новинарите, 10-20 за почеток, ќе бидат платени.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on