Основачот на Икеа се враќа во Шведска, но не како милијардер

Од:

Ингвар Кампрад, основачот на шведскиот гигант за мебел „Икеа“, по три децении поминати во Швајцарија се враќа да живее во својата татковина Шведска.

Кампрад наскоро се очекува да се пресели во Алмхулт, каде што и започнала успешната сага на „Икеа“, но спротивно на уверувањата и тврдењата во јавноста, 87-годишниот Кампрад воопшто не е милијардер што се враќа во родната Шведска.

Според податоците до кои дошол шведскиот весник „Сидсвенскан“, Кампрад, кој со децении фигурираше на листите на најбогатите луѓе во светот, не е доминантен сопственик на „Икеа“. Последната проценка на „Блумберг“ е дека Кампрад е петтиот светски милијардер со вкупна вредност на богатството од 55,6 милијарди долари. Но, според споменатата документација, која била доставена на увид на шведскиот весник, богатството на основачот на „Икеа“ изнесува „само“ околу 110 милиони долари.

Најголем дел од тие средства се хартии од вредност, кои се пласирани меѓу другото во филијалите на шведските банки „СЕБ“ и „Нордеа“ во Луксембург, како и во „Аландсбанкен“.
Според пописот на имотот по смртта на неговата сопруга, Кампрад не поседува делови од концернот „Икеа“ и не добива надоместок како член на управниот одбор и советник.

– Тоа се обидувавме да го кажеме во изминатите четири години. „Икеа“ не е во сопственост на семејството Кампрад, и тие не можат да присвојуваат вредности од компанијата, вели Пер Хегенс, портпарол на Кампрад.

Враќањето на Ингвар Кампрад дома практично значи дека тој ќе почне да плаќа данок во Шведска.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло