Ослободена судијката за која Чавез бараше 30-годишен затвор

Од:

Властите во Венецуела ја ослободија судијката Марија Афиуни (50), откако во затвор и во домашен притвор, без судење, помина четири години.

Во одлуката на судот во Каракас се вели дека Афиуни се ослободува поради здравствени причини. Таа не смее да ја напушти Венецуела, како и да контактира со домашните и странските медиуми.

Оваа угледна судијка беше уапсена во 2009 година, само 24 часа по пресудата што таа ја донесе за пуштање на условна слобода на банкарот Емилио Седерио, кого властите на тогашниот претседател Уго Чавез го држеа во притвор, без судење три години, една година повеќе од максималниот рок што го дозволуваат домашните закони.

Веднаш по пуштањето од затвор банкарот замина во странство. Судијката беше уапсена и обвинета за корупција, за злоупотреба на функцијата и овластувањата, како и за помагање при бегство на затвореник. Сите вакви обвинувања таа ги отфрлаше како измислени, но еден ден по нејзиното апсење Чавез јавно ја обвини дека е „бандит и криминалец“ и побара таа да остане во затвор 30 години.

Во затворот судијката тешко се разболе, а нејзините адвокати тврдат дека била и сексуално злоставувана.

Венецуелската опозиција ја прогласи Афиуни за највиско поставениот политички затвореник „во земјата со која самоволно владее Чавез“, додека меѓународните хуманитарни организации нејзиното апсење и држење во затвор го оценуваа како правно самоволие и злоупотреба на правото.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски