Ослободен потпретседателот на Парламентот на Венецуела

Од:

Потпретседателот на парламентот во Венецуела, Едгар Самбрано е ослободен од затвор, врз основа на договорот меѓу вВадата на претседателот Николас Мадуро и помалите опозициски партии, соопшти пратеникот Тимотео Самбрано.

– Почнува процесот на ослободување на политички затвореници. Го славиме ослободувањето на нашиот колега Едгар Самбран, напиша пратеникот на Твитер.

Едгар Самбрано беше уапсен по неуспешниот бунт против Мадуро на 30 април.

Врховниот суд на правдата, близок на Мадуро, нареди ослободување на опозицискиот пратеник во рамките на „делумните договори“ потпишани во понеделникот меѓу Владата и помалите опозициски партии, и покрај желбите на лидерот на опозицијата и парламентарен спикер Хуан Гуаидо.

Според локалната невладина организација за човекови права „Форо пенал“, во Венецуела има 478 „политички затвореници“, од кои 107 се војници.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски