Амбасадорот на Јордан во Либија, кој беше киднапиран во април е ослободен, јави телевизискиот канал Ал Арабија.
Либиското Минстерство за надворешни работи го потврди ослободувањето.
Амбасадорот Фауаз ал Итан беше киднапиран од вооружени мажи, кои побараа ослободување од затвор во Јордан на исламистички екстремист во замена за ослободување на дипломатот.
Засега нема информации дали нивното барање е исполнето.