Ослободен британскиот новинар Греам Филипс уапсен во Украина

Од:

Украинските власти денеска го ослободија британскиот новинар Греам Филипс, кој работи за руската сателитска телевизија „Раша Тудеј“, откако два дена мина во притвор.

Веста за ослободувањето ја објави руската телевизија, а потоа Филипс на својата страница на Твитер објави дека „повеќе не е во затвор“. Тој вели дека е ослободен без против него да биде подигнато било какво обвинување, како и дека не е депортиран од Украина.

Филипс (35) беше уапсен во вторникот во Мариопул во источна Украина.

Претставник на Министерството за одбрана во Киев изјави дека новинарот бил уапсен затоа што „снимал објекти кои не смее да се снимаат“.

Голема улога во брзото ослободување на Филипс имала британската Амбасада во украинскиот главен град, каде тој бил сместен по пуштањето од затвор.

Веднаш по ослободувањето, Британецот побара од властите во Украина да ги ослободат и двајцата руски новинари, вработени во телевизискиот канал „Лајфњуз“, за кои вели дека се затворени во Киев.

Претходно украинските и западните медиуми ги обвинија двајцата руски новинари дека носеле антитенковски ракети и ги оквалификува како „терористи“.

Би можело да ве интересира

Декларацијата на мировниот самит за Украина ја потпишаа 80 земји, но не и земјите на БРИКС

A1on

Буданов: Украинските сили со 70 дронови го нападнаа рускиот аеродром во Ростовската област

Горан Наумовски

Русите го напаѓаат Киев

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин

Предраг Петровиќ

Орбан: Западот сака воено да ја победи Русија за да го задржат богатството на Украина

Горан Наумовски

Руската армија собори уште едно украинско беспилотно летало