Орлов: Русија сака алијанса против ИД

Од:

Русија би била подготвена на „формирање на заедничка команда“ за борба против Исламска држава, во чии рамки официјална Москва би соработувала соФранција, САД, па дури и до Турција, изјави денеска русклиот амбасадор во Париз, Александар Орлов.

– Подготвени сме да планираме заеднички напади врз позициите на ИД и да формираме заедничка команда со Франција. со САД, со сите тие држави кои сакаат да бидат во таа коалиција. Доколку Турците исто така сакаат да бидат дел од таа коалиција, добродојдени се, посочи Орлов.

Тој наведе дека еден од двата руски пилоти, кои се катапултираа од авионот соборен од страна на Турција, е пронајден од сириската армија и ќе го однесат во руска база во Сирија, додека другиот пилот е убиен од џихадистите.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија