Орбан: Унгарија не може да биде принудена да бира меѓу ЕУ и Русија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не може да биде принудена да избира страна во еден судир на сили во стилот на Студената војна.

Според Орбан Унгарија е единствена со ЕУ за територијалната целост на Украина, но ќе се раководи од своите национални интереси, дури и тоа да ги загрижува сојузниците во ЕУ и САД.

– Нашата работа е да ги определиме сопствените интереси и позиции, изјави премиерот на средба во Будимпешта на етнички Унгарци, што живеат во странство.

Сметам дека прашањето на чија страна треба да бидеме е од комунистички тип. Прашањето што треба да си го поставиме, е кои се унгарските интереси, а не на чија страна да бидеме, нагласи Орбан, додавајќи дека унгарските геополитички интереси се да се бори против нова Студена војна.

Будимпешта потпиша со Москва договор во вредност од 10 милијарди евра за изградба на нова нуклеарна централа во Унгарија, а истовремено се заложи за изградба на гасоводот „Јужен поток“, што е финансиран од Русија, наспроти несогласувањето на Брисел.

Според европски дипломати во Брисел постои загриженост за курсот на Орбан, додека САД неодамна забранија на шестмина високи унгарски функционери влез во САД поради корупција.

Орбан денеска, повторно нагласи дека Унгарија е против распад на Украина и дека нејзиниот суверенитет е важен, бидејќи Украина има улога на бафер зона меѓу Унгарија и Русија.

Унгарскиот премиер вчера изјави дека неговата земја нема да попушти под притисокот на Западот за „Јужен поток“. – Нашиот статус во НАТО и ЕУ е јасен, но ние треба да ги одржуваме и нашите економски интереси. Не е во наш интерес во Европа да има настани, што не лишуваат од ресурси, нагласи Орбан.

Би можело да ве интересира

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски