Орбан: Турската операција во Сирија е во интерес на Унгарија

Од:

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека воената интервенција на Турција во Сирија е во интерес на неговата земја.

Турција почна воена офанзива на 9 октомври за да ги натера сириските курдски сили да се повлечат од нивната граница и таму да формираат „зона на безбедност“, во која Анкара планира да врати дел од 3,6 милиони бегалци.

Орбан рече дека областа е „воено стабилизирана … иако по цена на конфликти и борби“, а ќе им овозможи на сириските бегалци во Турција да „се вратат дома“.

– Ако не се вратат таму, Турците ќе ги отворат портите кон Европа“, рече Орбан во интервју за унгарското државно радио. – Тогаш сто илјади ќе влезат во Грција од Турција, од Грција до Балканот и од Балканот до унгарските или хрватските граници, рече унагрскиот премиер, кој е познат по своите антиимигрантски ставови.

– Главен интерес на Унгарија е тоа да не се случи, потенцира Орбан.

Тој уште истакна дека му предложил на Брисел да испрати наменска финансиска помош до Анкара за обнова на градовите во „стабилизираните области“ и нивно опремување со болници, училишта и домување.

Орбан, кој во последните години развива блиски врски со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, доби доста критики во Брисел, откако Будимпешта се изјасни против заедничката декларација на ЕУ, со која се повикуваше Турција да стави крај на своите операции во Сирија.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски