Орбан: САД не притискаат поради енергетската соработка со Русија

Од:

САД врши голем притисок врз Унгарија поради поддршката што ја дава на проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“ и ширењето на нуклеарната електроцентрала Пакш, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан ова им го кажа на новинарите во Минхен, по говорот во фондацијата „Ханс Зајдел“, наведувајќи дека гасоводот и електроцентралата, пред се, се економски теми, кои се вплеткаа во геополитичките, воени и безбедносни односи заради руско-украинскиот конфликт, пренесуваат унгарските медиуми.

– Вашингтон двете работи ги толкува како приближување до Русија, а вистината е дека ние ниту сакаме некому да му се приближуваме, ниту од некого да се оддалечуваме. Не спроведуваме пријателска политика кон Русија, туку кон Унгарија, порача премиерот, додавајќи дека и „Јужен поток“ и електроцентралата Пакш се прашања од државен интерес за Унгарија.

Изградбата на „Јужен поток“, како пандан на „Северен поток“, што го пренесува рускиот гас до Германија, ќе ја заобиколува Украина, и е важна за Унгарија бидејќи на тој начин ќе обезбеди прилив на гас со елиминација на ризикот од слична ситуација како украинската, рече Орбан.

Што се однесува ширењето на единствената унгарска нуклеарна електроцентрала Пакш, премиерот наведува дека поевтината енергија е добар начин Унгарија да ја засили конкурентноста. За разлика од Германија, Унгарија нема на располагање огромни средства што може да бидат насочени во производството на обновливата енергија, а домашните извори за енергија се ретки, додаде Орбан.

– Единствениот начин да ја намалиме зависноста од надворешните извори на енергија е ширење на нуклеарната електроцентрала Пакш. Бидејќи таа централа е изградена со помош на руска технологија, логично е и нејзиното ширење да биде изведено во соработка со Русите. САД тоа, сепак, го толкуваат како приближување кон Русија во време кога нивниот став е Европа да се оддалечи од Русија, а не да соработува со неа, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски