Орбан: Потребен е итен самит Русија-Европа за да се стави крај на војната во Украина

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Русија и Европа треба што поскоро да одржат самит за да разговараат за прекин на војната во Украина.

Орбан ја поздрави најавата за средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, нагласувајќи дека прекин на огнот и укинување на санкциите се можни само ако двајцата лидери се согласат, објави МТИ.

Тој исто така нагласи дека Унгарија пред неколку години предложила наместо лидерите на европските институции, германската канцеларка и францускиот претседател да ја претставуваат ЕУ на разговорите во Москва или самитот да се одржи на неутрална територија.

Би можело да ве интересира

САД објаснија како Русија ги надмудрила во Иран

Горан Наумовски

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат