Орбан: Европа тоне во војна, сериозно сме загрижени

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно зборуваше за војната во Украина при денешното обраќање пред пратениците во унгарскиот парламент. Тој тврди дека му било важно да го повтори ставот на неговата земја на првата годишнина од руската инвазија и со тоа да потврди дека Унгарија не се предомислила.

Во тој контекст, тој ја спомена и парламентарната резолуција на претставниците на владејачките Фидес и Демохристијаните, во која се вели дека Унгарија го поддржува мирот и сака да остане настрана од руско-украинскиот конфликт. Орбан смета дека е потребна јасна декларација бидејќи Унгарија е изложена на секојдневен притисок.

„Сите гледате дека сакаат да не вовлечат во војна и сакаат да им се придружиме на провоените земји“, нагласи тој.

Орбан повтори дека неговата земја мора да трпи провокации секој ден.

„Ве молам да не наседнете на провокации и треба да се држиме до интересите на Унгарија на политичката сцена“, додаде тој.

Орбан рече дека неговата влада „гледа со голема загриженост“ како Европа постепено „тоне во војна“, истакнувајќи дека неколку земји испраќаат тенкови и размислуваат да обезбедат борбени авиони за Украина.

Тој рече дека имало дури и такви кои сакале да испратат војска во Украина. Тој посочи дека на изборите одржани во април минатата година, што го потврди и владината јавна анкета, Унгарците одлучиле Унгарија да „остане настрана од војната“ и да не доставува оружје.

Орбан предупреди на зголемен број смртни случаи, закана од хиперинфлација, економски колапс и можност за глобална војна. Тој го повтори повикот за прекин на огнот и мировни преговори, нагласувајќи дека Унгарија се залага за мир на сите меѓународни форуми.

Тој го нарече важен кинескиот мировен план и додаде дека Унгарија го поддржува. Тој нагласи дека земјите како Унгарија, кои треба да увезуваат најголем дел од својата енергија, се особено „измачени од инфлацијата“.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област