Орбан е против ембарго за руската нафта: Тоа е атомска бомба за унгарската економија

Од:

Унгарија не може да ја поддржи сегашната форма на нов пакет санкции на Европската унија што вклучува ембарго за увоз на нафта, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Орбан рече дека сегашниот предлог на Европската комисија за забрана на увозот на руска нафта ќе биде „атомска бомба за унгарската економија“, додавајќи дека е подготвен да преговара доколку види нов предлог што ќе ги задоволи унгарските интереси.

Европската унија во средата и предложи најсилен пакет санкции против Москва, но неколку источни земји се загрижени дека нема да имаат доволно време да се приспособат, иако дипломатите рекоа дека ќе им дадат рок на Унгарија и на Словачка до 2023 година.

Орбан за државното радио изјави дека на Унгарија ќе и требаат 5 години и огромни инвестиции во рафинерии и цевководи за да го трансформира сегашниот систем, кој се потпира на околу 65 отсто од руската нафта.

„Точно знаеме што ни треба. Пред се, ни требаат 5 години за да го завршиме целиот овој процес. Година, година и пол не е доволно“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков