Опозициската лидерка во Бенин, Рекија Мадоугу, осудена на 20 години затвор за тероризам

Од:

Опозициската лидерка во Бенин, Рекија Мадуогу, денеска е осудена на 20 години затвор и парична казна, јави ДПА.

Пролетва Мадоугу му се спротивстави на актуелниот претседател Патрис Талон на претседателските избори. Меѓутоа, беше обвинета за нарушување на изборите во оваа западноафриканска земја и беше уапсена неколку недели пред изборите во април. Обвинителството ја обвини за тероризам.

Талон, кој се збогати како претприемач со памук и од 2016 година владее со оваа поранешна француска колонија, се смета за автократски државник кој систематски ја гази опозицијата, пренесува ДПА.

Според тинк-тенкот „Институтот за безбедносни студии“ (ISS), за време на петгодишниот претседателоки мандат на Талон во земјата се уапсени најмалку петмина опозициски политичари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска