Опозицијата во Венецуела официјално побара пребројување на гласовите од претседателските избори

Од:

Венецуелската опозицијата официјално поднесе барање до централната изборна комисија за повторно пребројување на гласовите од гласањето на претседателските избори одржано во неделата.

Опозицискиот кандидат Енрике Каприлес загуби со мала разлика од кандидатот на владејачката Социјалистичка партија Николас Мадуро кој беше посочен лично од покојниот претседател Хуго Чавес за негов наследник.

Врховниот суд најави дека барањето на опозицијата за повторно, рачно пребројување на гласачките ливчиња не може да се исполни, бидејќи таква можност не е спомената во уставот.

Во државата вчера имаше митинзи на опозицијата и на приврзаници на Мадуро. Најмалку осум луѓе ги загубија животите за време на немирите по објавувањето на резултатите од изборите.

Претседателите на неколку латиноамерикански држави денеска ќе имаат состанок во Лима на која ќе ја разгледаат политичката криза во Венецуела.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски